Астероидот 4179 Тутатис се наближува кон Земјата но нема да ја загрози, туку покрај неа ќе помине на растојание од 6,9 милиони километри, што астрономски гледано, е многу блиску.
Станува збор за растојание 18 пати поголемо од растојанието меѓу Земјата и Месечината, така што астероидот нема да биде видлив со голо око.
Тутатис е долг 4,46 километри и широк 2,4 километри и има облик на кикирики. Покрај Земјата ќе помине на интересен датум, 12.12.2012, но тоа не е единствената интересна работа за оние кои бараат смисла и врски меѓу движењето на небесните тела и настаните на Земјата.
Тутатис покрај Земјата поминува секоја четврта година, а астрономите треба да утврдат на кој начин се движи низ Сончевиот систем. Мајкл Буш од опсерваторијата Нешенал Радио Астрономи истакнува дека Тутатис се однесува како жироскоп. Секој пат кога ќе помине покрај Сонцето и Земјата, гравитацијата неговото движење благо го поместува. Со години, неговата ротација значително се изменила, а заради таа ротација астрономите успеале да откријат како е распоредена масата на овој астероид.