Ограбен службен саудски автомобил во Париз

Од:

Конвојот на саудски принц, чиј идентитет не е откриен бил нападнат вчера вечер во Париз од тешко вооружена група, која притоа успеала да се стекне со 250.000 евра, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Според весникот „Паризиен“ конвојот во кој имало повеќе автомобили од Париз заминал кон аеродромот во Бурже, кога бил нападнат меѓу 21 и 22 часот во близината на Порт де ла Шапел во 18-от париски арондисман.

Напаѓачите вооружени со автоматски пушки од типот Калашников, успеале да запрат еден од автомобилите со тројца патници во него, пред да ги ослободат неколку километри подалеку.

Станувало збор за автомобил во кој напаѓачите пронашле 250.000 евра. Украдениот автомобил е пронајден изгорен. Во нападот нема повредени, но според полициски извори наведени од радиото Франс Инфо, биле украедни и доверливи документи. Конвојот тргнал од Амбасадата на Саудиска Арабија кон аеродромот, а полициските извори нагласуваат дека ова е прв грабеж спроведен на ваков начин во Париз и очигледно е дека напаѓачите биле добро информирани. Засега нема уапсени.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата