ОЕЦД ќе објави резултати од испитувањето PISA – знаење и вештини на ученици во 79 држави

Од:

Седумдесет и девет земји, очекуваат денеска објавување на резултатите од PISA, тестирање на ОЕЦД за знаење и вештини на ученици.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја започна меѓународната програма за тестирање на знаење и вештини на ученици од 2000 година, попознат како PISA, за да ги процени знаењата на учениците за наука, математика и писменост.

Во последното испитувањ, азиските земји, предводени од Сингапур, беа најдобри.

Испитувањето стана неопходен барометар за владите кои се повикуваат на него за да ги оправдаат своите избори кога станува збор за образовните политики.

И покрај некои критики, овој огромен тест (вкупно тестирани 600.000 студенти) обезбедува многу лекции.

Во седмата анкета, чии резултати ќе бидат објавени денеска, „писменоста“ е доминантна, како што беше случајот во 2000 и 2009 година. PISA тестира ученици на возраст од 15 години, избрани како репрезентативни примероци.

Се испитуваат три области: читателска писменост, математика и наука. На секој тест, една од овие три области е означена како „доминантна“ и потемелно проверена. Во 2018 година, тоа беше читателска писменост, како во 2009 и 2000 година.

Повеќето прашања, 70 отсто, се однесуваат на таа доминантна тема, а 30 отсто на другите две.

PISA исто така вклучува прашалник за семејната состојба на учениците и социокултурниот статус и нивните перцепции за училиштето. Задачите ги решаваа 600.000 ученици во 79 земји и територии во мај 2018 година, примерок што претставуваше 32 милиони студенти на возраст од 15 години.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето