Одземен докторат на германска министерка

Од:

На германската министерка за образование Анета Шаван и е одземена титулата доктор поради плагијат на делови од докторска теза од пред 33 години.

Деканот на Филозофскиот факултет од Универзитетот во Диселдорф, Бруно Блекман денес ја објави оваа одлука на Советот на факултетот.

Конзервативната министерка, блиска соработничка на канцеларката Ангела Меркел, пред неколку месеци беше обвинета за “мамење” во својата теза за формирање на свеста, која ја бранела во 1980.

Шаван (57) во неколку наврати ги негираше обвинувањата, кои прво ги упати анонимен блогер минатата година, дека не ги цитирала на соодветен начин деловите од својата филозофска теза.

Таа самата побара да се оформи комисија, да ги испита наводите за плагијат.

Оваа одлука е голем удар за личната пријателка на Ангела Меркел и ја слабее незината репутација, особено поради фактот што го води министерството за образование и истражувања од 2005 година, од првата влада на Меркел.

Неделникот Дер Шпигел наведува дека Ангела Меркел ја поддржува својата соработничка и ја отфрла можноста да и биде одземена функцијата.

Во текот на 2011 година, две слични афери избија во Германија. Поради тврдењата дека препишал големи делови од својата докторска теза во март таа година, оставка поднесе министерот за одбрана Карл Теодор Гутенберг.

Нешто слично се случи три месеци подоцна, на либералната евро-пратеничка Силвана Кох Мерин, која ја напушти функцијата потпретседател на Европскиот парламент и претседател на ФДП групата во Европскиот парламент, непосредно пред да и биде одземено звањето доктор.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија