Одмаздата на фармерот, уништи 7 полициски автомобили

Од:

Роџер Пион (34), фармер од американската држава Вермонт одлучил да им се одмазди на локалните шерифи, поради неговото обвинение за поседување марихуана и отпор при апсење, па зел и им уништил седум автомобили.

Веројатно за ваквиот потег му послужиле сцените од филмовите, па со својот трактор набрзина прегазил седум автомобили паркирани на паркингот пред полициската станица.

„Тoј уништи повеќе од половината наши возила. 7 од 11 вкупно што ни беа на располагање“, се пожалил на новинарите заменик-шерифот.

За да иронијата биде поголема, полицијата не можела да реагира додека фаремерот беснеел врз нивните возила, затоа што потоа не им оставил превозни средства за да појдат и да го уапсат, па морала тоа да го стори службата од Њупорт Сити, а токму таа го апсела и првиот пат, така што тој се одмаздил на погрешна полициска станица.

По првото обвинение за марихуана, тој сега се соочува со нова посериозна затворска казна од 16 години.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД