Одмазда на Техеран: ИРГК нападна американската база, но и бродот „Панаја“

Од:

ИРГК соопшти дека извршила напади врз непријателски брод, седиштето на Петтата флота на САД во Бахреин и регионална американска воздухопловна база, велејќи дека акцијата е спроведена како одговор на, како што наведува, два американски напади врз ирански објекти.

Според соопштението на ИРГК, настаните започнале кога ирански танкер за нафта бил погоден од воздушна ракета во близина на Ормутскиот теснец, оштетувајќи ја машинската просторија на бродот, објави иранската телевизија Прес ТВ.

ИРГК соопшти дека нејзината морнарица потоа испалила ракети кон „Панаја“, кој го опишала како „американско-ционистички непријателски брод“, додавајќи дека акцијата е спроведена како одговор на агресијата и кршењето на прописите што ја регулираат пловидбата низ Ормускиот теснец.

Во соопштението се додава дека американската војска подоцна нападнала комуникациска кула на ИРГК на јужниот дел од островот Кешм.

Како одговор, воздухопловните сили на ИРГК започнале ракетни и беспилотни напади врз воздухопловна и хеликоптерска база на САД во регионот, како и врз седиштето на Петтата флота на САД.

ИРГК изјави дека „секој чин на агресија“ ќе биде пресретнат со посилен одговор и предупреди дека нарушувањето на безбедноста на Ормутскиот теснец ќе има висока цена за американската војска.

Иран ја основа Управата за Персискиот Залив (PGSA), ново тело задолжено за регулирање и следење на бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец. Корпусот на Исламската револуционерна гарда претходно изјави дека САД ќе платат висока цена за „нарушување на безбедноста на Ормутскиот теснец“. Како што објави Скај њуз, изјавата на ИРГК следеше по американските напади на островот Кешм, во близина на „виталниот бродски пат“.

„Претходно предупредивме дека доколку се случи агресија, одговорот ќе биде различен и построг, и ние дејствувавме соодветно. Овие одговори треба да послужат како лекција. Повторуваме: нарушувањето на безбедноста на Ормутскиот теснец ќе има висока цена за американската војска што ќе нападне“, додаде ИРГК.

Би можело да ве интересира

Хамнеи: Промените во американската администрација нема да го променат односот на Вашингтон кон Иран

(ВИДЕО) Иран има што да каже за изборите: Американците и рекоа НЕ на војната

Катерина Ѓуровски

Израел тврди дека Иран планира напади со хемиско оружје

А1он

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

(ВИДЕО) САД извршија ограничени напади врз иранскиот остров Кешм

Аналитичари откриваат која американска нуклеарна бомба би можел да ја употреби Трамп за напад врз планината Пикакс во Иран