Одлуката за азил на Сноуден, за неколку месеци

Од:

На Еквадор му е потребно подолго време за да одлучи дали ќе одобри азил на поранешниот работник на ЦИА, Едвард Сноуден, а еден од факторите кои ќе ги разгледува се односите со САД, изјави официјално лице од државата.

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патињо денес во Куала Лумпур направи споредба помеѓу случајот со Сноуден и основачот на интернет групата Викиликс, Џулијан Асанж, кој доби азил во амбасадата на Еквадор во Лондон.

-Ни беа потребни два месеци за да одлучиме за Асанж, така немој да очекувате дека овој пат во пократок временски рок ќе донесеме одлука, рече Патињо.

Тој не ги наведе критериумите според кои Еквадор ќе одлучува, но додаде дека неговата влада ќе ги разгледа последиците, па и можноста од влошување на трговските односи со САД.

Сноуден кој што е обвинет за повреда на американските закони за шпиунажа, побегна во Хонг Конг и викендов претстојуваше во Москва.

Во понеделник резервира лет за Хавана, од каде што требаше да отпатува во Венецуела а потоа да побара азил на Еквадор, но се претпоставува дека се уште не заминал.

Според вестите кои што Викиликс ги објави на „Твитер“, Сноуден е безбеден и е во добра состојба.

Во понеделник Асанж рече дека од безбедносни причини е ограничен во поглед на она што може да го каже за Сноуден.

Тој ги отфрли наводите дека Сноуден е на московскиот аеродром и разговара со руските шпиуни.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска