Одложени спасувачките оепрации кај јапонскиот вулкан Онтаке

Од:

Јапонските власти прекинаа со спасувачки операции на врвот на вулканот Онтаке во централниот дел од архипелагот заради лошите услови и ризикот од ново активирање.

– Одложени се сите предвидени за денеска спасувачки операции, и преку воздух и на земја, изјави портпарол на префектурата Нагано.

Војници, полицајци и стотици пожарникари кои веќе беа на „огнената планина“ се вратија на подножјето.

– Ослабените вулкански активности се обновија и тоа може да биде најава за ново активирање, соопшти Метеоролошката служба. Телевизиите прикажаа инсерти на кои се гледаат огромни облаци од токсични гасови над вулканот. Во изминатите два дена спасувачите успеаја да спуштат во подножјето 12 од 36-те тела на загинати. Останатите 24 се близу врвот на вулканот Онтаке кој има височина од 3.067 метри, јавуваат јапонски медиуми.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија