Одговорните за скрвнавењето на еврејските гробишта во Алзас имале „антисемитски побуди“

Од:

Против петтемина малолетници, кои беа уапсени и притворени во понеделникот по откривањето на скрвнавењето на еврејските гробишта во Сар Унион во Алзас, е подигнато обвинение и истите се ставени под судска контрола, јавува дописникот на МИА од Париз.

Четворица од малолентиците се ставени во воспитен центар од затворен карактер, додека на петиот малолетник  му е доверен на лице кое е „достојно за доверба“, соопшти обвинителот на Саверн Филип Вание.

Според обвинителот истрагата утврдила дека малолетниците, кои на почетокот се бранеле дека нивниот гест не бил мотивиран од „антисемистки“ побуди, напротив дивеењето во гробиштата било пропратено со „јасно антсемитски гестови“.

Под силен медиумски и политички притисок, малолетниците на возраст од 15 до 17 години, откако најпрво се бранеле дека нивниот гест не бил антисемитски , односно се започнала од една „игра во која ја изгубиле самоконотролата“ во која оштетиле околу 250 гробови, како и споменикот посветен на депортираните.

При сослушувањето се покажало дека во четвртокот на 12 февруари попладнето, опфатени од  еден вид на колективна „френезија“, имале гестови и зборови кои го зборуваат спротивното од нивните претходни изјави. Односно тие извикувале „Хајл Хитлер“ или „Зиг Хајл“, пропратени со плукање на давидовите ѕвезди, или извици „гнасни  евреи“, „нечиста раса“. Некои од нив уринирале и на гробовите, сето ова без да бидат под дејство на алкохол или наркотички средства.

Според обвинителот, истрагата ќе се ориентира и кон нивните семејства, бидејќи некои од малолетниците живееле со разведени родители, додека на еден од малолетниците неодамна му починал татко му.  Тие не се деца кои доаѓаат од ниска социјална класа, тие се деца или внуци на учителки, воспитувачи на деца, поранешен директор на училиште или поранешен општински советник. Еден од малолетниците бил и пожарникар-волонтер. Односно никој од нив во семејството не бил поврзан со крајната десница, пишува денешното издание на весникот ДНА.

На социјалните мрежи се пронајдени содржини со „сомнителни“ шеги на сметка на евреите, но и повик на еден од малолетниците да „ја запалат црквата за неговиот роденден“.

При истрагата и сослушувањете некои од нив плачеле и ја сватиле тежината на нивниот гест, по што биле потиштени.

Тие, иако се малолетни ризикуваат седум години затворска казна.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано