Одекнуваат експлозии во украинскиот град Николаев

Од:

Експлозиите се слушнаa за време на воздушниот напад во Николаев, соопшти градоначалникот на северниот украински град, Олександр Сјенкевич.

„Експлозии се слушаат во Николаев! Заканата продолжува“, напиша тој на Телеграм, објави УНИАН.

Во Николаевската област, како и во голем број други региони, е прогласена воздушна тревога откако украинските воздухопловни сили предупредија за движењето на беспилотните летала „Шахед“ кон север.

Сјенкевич додаде дека не се примени повици до службите за итни случаи.

„Го држиме под контрола“, истакна тој.

Како што е објавено, синоќа украинските одбранбени сили соборија 64 дронови што ги користеа Русите за напад врз Украина.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот