Одбиена и последната молба за помилување на австралските нарко дилери во Индонезија

Од:

Административниот државен суд на Индонезија денеска соопшти дека се одбиени молбите за помилување на двајцата австралиски државјани, осудени на смрт поради трговија со наркотици.

Ендју Чан (31) и Мјуран Сукурман (31) беа осудени на смрт во февруари 2006 година, кога беа уапсени во обид да пренесат над осум килограми хероин од Индонезија во Австралија.

Адвокатите на осудените на смрт последната можност за помилување ја бараа во оспорување на одлуката на претседателот на Индонезија Јоко Видодо да го осбие апелот за помилување без образложение.

Административниот суд, кој констатира дека не е надлежен да одлучува за помилување, сепак во изјавата соопшти дека претседателот на државата нема обврска да го објаснува своето решение.

Во ред да застанат пред стрелачки строј во Индонезија се наоѓаат 11 осуденици, од кои покрај Австралијците се уште четворица странски државјани.

По одбивањето на претседателот Видодо да ја замени смртната казна со затвор, во Австралија се организираа бројни протести, но ни тие, ниту личните апели на австралискиот премиер Тони Абот не придонесоа за промена на одлуката за извршување на смртната казна.

Основна причина за тврдиот индонезиски став за најстрого казнување на нарко дилерите е податокот дека во оваа 250 милионска држава се регистрирани речиси пет милиони зависници. Дневно во Индонезија од последици на користење на наркотици просечно умираат по 46 зависници.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт