Одбележување 76-годишнина од нуклеарниот напад врз Нагасаки

Од:

Јапонскиот град Нагасаки денеска ја одбележа 76-годишнината од нуклеарниот напад за време на Втората светска војна од страна на САД, а градоначалникот Томиша Тауе апелираше до јапонската Влада да земе поактивно учество во ослободувањето на светот од нуклеарно оружје.

Нема точни податоци за бројот на жртвите, но се проценува дека најмалку 74.000 луѓе го загубиле животот во Нагасаки, а илјадници починале од нуклеарно зрачење и последици од радијацијата во неделите, месеците и годините по нападот.

Тауе ја повика Владата во Токио да го потпише и ратификува договорот на ОН за забрана на нуклеарно оружје и да се приклучи кон договорот како набљудувач на првиот состанок на земјите потписнички, објави агенцијата Кјодо.

По едноминутно молчење точно во 11:02 часот по локално време, во времето кога беше фрлена атомската бомба на 9 август 1945 година, Тауе го нарече Договорот за неширење на нуклеарно оружје „нов хоризонт“ за нуклеарно разоружување, но исто така изрази загриженост поради зголемување на опасноста од нуклеарните трки во светот.

Јапонската новинска агенција наведува дека премиерот Јошихиде Суга не се занимавал со темата на договорот за забрана на нуклеарно оружје кога им се обратил на насобраните луѓе, меѓу кои имало и преживеани и членови на семејствата на жртвите.

– Како единствена земја врз која е фрлена атомска бомба, должност на Јапонија е да ги предводи напорите на меѓународната заедница, чекор по чекор, кон реализација дека светот треба да биде ослободен од нуклеарно оружје, рече Суга.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така, најави стапување во сила на договорот за забрана на нуклеарно оружје, наведувајќи дека подготвеноста на САД и Русија да се вклучат во дијалог за контрола на вооружувањето, дава „причина за надеж“, но предупреди дека следува уште многу работа.

Три дена претходно, на 6 август 1945 година, САД го опустошија јапонскиот град Хирошима со атомска бомба.

Би можело да ве интересира

Пред 78 години американците ја фрлија атомската бомба на Нагасаки, загинаа 70.000 луѓе

Во Нагасаки на годишнината од атомскиот напад оддадена почит на жртвите

Ана Ололовска

Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба

А1он

Во Нагасаки одбележана 73-годишнината од атомското бомбардирање

Ана Ололовска

Во Нагасаки оддадена почит за жртвите од нападот со атомска бомба во 1945 година

Ана Ололовска

Нагасаки одбележува 70 години од експлозијата на атомската бомба

Емир Латифовиќ