Голем број мегаполиси низ целиот свет се вклучија во одбележување на иницијативата „Часот на Земјата“, исклучувајќи го на еден час осветлувањето во градовите.
Акцијата „Час за нашата планета“, во рамките на која ќе беа изгаснати светлата и декоративното осветлување на многубројни објекти има за цел ублажување на последиците од климатските промени.
Организаторите истакнуваат дека точно во 20 часот и 30 минути по локално време, во согласност со движењето на планетета Земја, градовите низ светот го исклучуваа осветелувањето на знаменитостите со цел да покажат грижа за природните ресурси, климатските промени и интересирање на иднината на Земјата.
Небото над Сиднеј прво потона во мрак, откако во најголемиот австралиски град беше изгаснато светлото на еден час, со што Австралијците ја отвори планетарната акција „Час за нашата планета“.
Во Сиднеј светлата беа изгаснати со аплауз и извици „да живееме“ на мали групи луѓе, кои се собраа да го гледаат мракот на хоризонтот и претворањето на светлата на сиднејската Опера во темно зелено, што симболизира обновлива енергија.
По Австралија, светлата беа изгаснати и во Јапонија. Познатата Токиска кула потона целосно во мрак. Изгаснат беше и меморијалниот центар во Хирошима.
Во кинескиот главен град, Пекинг, беа изгаснати светлата ва олимпискиот стадион „Птичјо гнездо“.
Хонгконг целосно потона во мрак, откако беше исклучнео неонското осветлуѕвање и рекламните билборди на улиците.
Во Њу Делхи потона во мрак Минарето Кутаб, Гробницата на Хумајун и Црвената тврдина.
Дубаи на еден час го исклучи осветлувањето на највисокоата зграда во светот Бурџ Халифа.
Во Бразил 72 града се вклучија во иницијативата, во главниот град Бразилија потона во мрак главниот плоштад.
За првпат на глобалната иницијатива се приклучи и Црвениот плоштад во рускиот главен град Москва и Кремљ. Во Москва исклучување на светлувањето на над 90 згради заштеди 5 мегавати електрична енергија.
Освен главниот град Париз и над 200 локации во Франција ги изгаснаа светлата во глобалната еколошка акција.
Акцијата се спроведува од 2007 година, кога за првпат 2,2 милиони луѓе во Сиднеј ги изгаснаа светликите. Иницијативата масовно се прошири низ целиот свет опфаќајќи над 7.000 градови и места во 152 земји во светот и стотици милиони учесници на сите седум континенти.