Од водоводни цевки им излегува злато

Од:

Шерон Браун од американскиот град Вајтхол, додека миела садови забележала дека водата има чуден сјај, но не се посомневала дека во неа има злато.

Го повикала сопругот и му ја покажала водата.

-Ја пуштивме водата да истече од мијалникот и тогаш забележавме дека на дното останале некои сјајни парчиња. Ги ставив во чаша со вода, но тие не можеа да се растворат- вели сопругот на Шерон, Марк Браун.

Иако брачниот пар помислил дека не се работи за злато, хемиските анализи го покажале токму тоа. Нивниот прв сосед исто така забележал делови од скапоцениот метал во водата во својот дом. Во близина на градот се наоѓа рудникот „Голден санлајн“ кој работи веќе 30 години, но нема никави докази дека водата протекува низ него. Граѓаните се загрижени дека водата е загадена и со други опасни честички, кои не се гледат со голо око.

-Доколку во водата се гледаат тешки метали, замислете што се уште може да има во неа- вели Марк.

10439518_10204019025981888_822460185_n

Од Одделението за контрола за квалитетот на животната средина велат дека честичките од злато најверојатно се од пумпа, која што е поврзана со цевките за снабдување на градот со вода. Експертите пак тврдат дека водата не е штетна по здравјето на луѓето и најавуваат дека ќе направат дополнителни тестови.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас

Америка: Скијачи загинаа во лавина на планината Лон Пик во Јута