Од такси во Париз украден накит вреден 5,4 милиони долари

Од:

Тројца засега непознати крадци од една колекционерка на уметнички дела од Тајван, украле накит на „Шанел“ вреден 5,4 милиони долари.

Грабежот се случиl во тунелoт меѓу Париз и аеродромот „Шарл де Гол“, додека Тајванката патувала со такси. Крадците искршиле еден од прозорците на таксито и од возилото ја однеле торбата во која бил накитот.

Тајванката изјави дека накитот требало да биде презентиран на изложба во Музејот на современа уметност во Париз, но музејското раководтсво го негираше таквото тврдење.

Полицијата соопшти дека засега не е познато дали крадците знаеле за вредниот накит или случајно им се „посреќило“, имајќи предвид дека кражбите не се ретка појава во овој тунел.

Во истиот тунел беше ограбена и ќерката на градоначалникот на Киев, која беше „олеснета“ за накит вреден 4,5 милиони евра, а таму лани во август од еден саудиски принц беа украдени 250.000 евра.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата