Од пештерата во Тајланд, денеска се извлечени уште четири деца, со што бројката на спасени изнесува осуммина, заедно со четворицата нивни другари кои беа евакуирани во текот на вчерашниот ден.
BREAKING: I am now hearing a SIXTH boy has left the #thamluang cave and is being treated by medics at the field hospital #thaicaverescue
— James Massola (@jamesmassola) July 9, 2018
Претходно беше објавено дека во рамките на деншната спасувачка акција е извлечено едно момче, а набрзо потоа стигна и веста за шестиот извлечен млад фудбалер. Сега, според неофицијални информации кои ги обелодени Си-ен-ен од поплавената пештера извлечени се уште две деца.
8th boy rescued from the Thai cave
BREAKING: An 8th boy has been rescued from the Thai cave as operations to free the youth soccer team continue. Four boys and their coach remain inside the cave. Live updates: https://cnn.it/2KMA4bC
Posted by CNN on Понеделник, 09 јули 2018
Агенцијата АП информира дека тајландските спасувачки служби се таинствени и не соопштуваат детали за тоа како се одвива спасувачката операција. Оттаму не прецизирале кој бил во амбулантното возило кое претходно денеска беше видено како го напушта теренот околу пештерата.
Спасувачите во провинцијата Чианг Раи на северот на Тајланд влегуваат во пештерата со шишиња кислород и маски за децата, кои потоа ги извлекуваат со помош на јаже кое минува низ кривулестите и тесни премини долги неколку километри.
Спасувачката акција е комплицирана од тоа што дел од децата се непливачи, и мораа да бидат обучувани од страна на тајландски и странски нуркачи пред да се направи обидот за нивно спасување.
Дванаесет деца на возраст од 11 до 16 години, членови на јуниорски фудбалски тим, заедно со нивниот тренер беа заглавени во пештерата од 23 јуни. Врз основа на денешните објави може да се заклучи дека во моментов заробени остануваат уште четири деца заедно со 25-годишниот тренер.