Од силни турбуленции во авион се повредени две стјуардеси

Од:

Две лица се повредени на летот од Грција до Лондон, откако силните турбуленции ги принудиле пилотите да слетаат принудно.

На летот имало 181 патник, а од Крф полетал околу 12.44 часот.

Набргу по полетувањето, по големи турбуленции, авионот принудно слета на аеродромот во Рим.

Како што пишува „Мирор“, двајца членови на екипажот се повредени додека се подготвувале да ја послужат храната.

Портпаролот на EasyJet рече: „На летот на 19 август имаше турбуленции. За жал, двајца членови на кабинскиот екипаж беа повредени. Како резултат на тоа, пилотот одлучи да го пренасочи летот во Рим, каде што стјуардесите добија медицинска помош“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион во Канада принудно слета и се запали

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Драма на небото над Белград: Авионот се судри со јато птици