Од што боледува Франција?

Од:

Француската економија стагнира. Растат само невработеноста и јавниот долг. Буџетските критериуми на ЕУ, Франција веројатно ќе може да ги исполни дури во 2017 година.

Економската политика на Франција е се повеќе на удар на критики. Владата на Франција се уште не ја признава сериозноста на сопствената економска состојба, вели Катарина Пијнебург од германскиот Институт за економски истражувања во разговор за Дојче веле.

Во еврозоната се уште владее голема неизвесност поради геополитичката криза, како кризата во Украина. Ни Франција, втора економски најсилна земја во Еу, не ја надмина својата должничка криза. Се уште постои ризик дека работите можат да излезат од контрола, вели оваа експертка за макроекономија.

Факт е дека Франција во последните две години нема економски раст. Наспроти тоа, претседателот Франсоа Оланд води експанзивна фискална политика. Француската Влада верува дека кризата може да се совлада со повеќе интервенции на власта. Катрина Пинјенбург на оваа стратегија гледа скептично: Франција може да ја надмине кризата само преку структурни реформи, посебно на социјалниот систем и пазарот на трудот, со истовремено јакнење на фирмите и пазарот.

Јакнење на стопанството наместо намалување на долговите

Но, Париз досега не покажа волја за реформи. Преголем е отпорот на Социјалистичката партија (ПС) на Франсоа Оланд. Реорганизацијата на државниот буџет не напредува: буџетскиот дефицит од 2008 година е во постојан пораст и со 4,3 отсто во 2013 година е многу повисок од трите отсто кои ги зацрта Европската унија. За 2015 година експертите очекуваат дури 4,7 отсто. Според оценка на Катарина Пинјенбург, мастришките критериуми за ново задолжување Фрнција ќе ги исполни дури од 2017 година.

Длабоката криза ја потресе целата еврозона. Токму земјите кои се уморни од реформите, како што се Франција и Италија, го успоруваат економското зајакнување во еврозоната, иако со Германската претставуваат три најголеми економии во ЕУ. – Нешто мора да се случи, инаку Франција ризикува да падне, како што е тоа случај со Португалија и Шпанија, предупредува Пијненбург.

Франција и Италија болежливи ЕУ нации

Финансиската криза од 2008 година во банкарскиот сектор на овие две земји доведе до големо зголемување на државниот долг. За возврат, загубите кај државните обврзници предизвикаа трајна должничка криза во банките. Консолидацијата на долгот и програмите за штедење сериозно ја оптоварија реалната економија. На долги патеки, тоа доведува до загуба на даночните приходи и раст на социјалните трошоци и на крај до голем дефицит.

Што се однесува до Франција, со оглед на големиот буџетски дефицит и натаму постои опасност од продлабочување на кризата, вели Пијненбург. Меѓутоа, долговите се ставени на страна, стопанскиот раст на земјата е приоритет; Оланд и неговата Влада тоа сакаат да го постигнат сами. – Но, за да го постигнат тоа, мора да се скршат цврстите структури. Тоа на Франција и е јасно, но отпорот внатре во сопствените редови е голем и инхибира трансформација на социјалниот систем и пазарот на трудот, вели Пијненбург.

Француските економисти пак сметаат дека за долгорочната економска криза е одговорна Германија и строгата политика на штедење на евроземјите.

Опасност за целата еврозона

Но, притисокот врз француската Влада расте, бидејќи состојбата на пазарот на трудот е тензична. Во јуни, процентот на невработеноста беше 10,2 отсто, значи двојно поголем од Германија. Оваа висока стапка на невработеност главно ја ограничува потрошувачката и конјунктурата. Притоа потрошувачката за Франција е многу важен столб на растот, па економскиот раст од 0,3 отсто кој е изненадувачки во последниот квартал, главно се темели на потрошувачката.

За да побегне од надолната линија, Франција пред се треба да го поедностави даночниот систем и на компаниите да им пружи поголема финансиска флексибилност за инвестиции, вели економистката. Важна е урамнотежената антимонополска политика. Високото ниво на конкуренција поттикнува повеќе иновации, компаниите со тоа се принудени со инвестиции да реагираат на притисоците на пазарот. Со тоа се произведува поголем стопански раст. Пијненбург вели дека е важно да се создаде поповолна атмосфера за повеќе иновации и раст, така еврозоната во целина побрзо и полесно ќе излезе од оваа криза.

Дојче веле – Бон

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано