Системот за ладење на реакторите во Фукушима, кој не беше оштетен во земјотресот и цунамито од 2011 година, денес привремено не работеше, додека од оштетениот дел излегува пареа.
Според компанијата „ТЕПКО“ системот за ладење на реакторите не работел два часа. „ТЕПКО“ пред два изјави дека контаминирана вода завршила во Тихи океан, во близина на централата, а последава недела секојдневно се шири пареа над реакторот број три во Фукушима.
Три реактори во Фукушима се оштетени од стравотниот земјотрес и цунами кои во 2011 година ја погодија Јапонија. Експертите тврдат дека според новите проценки, чистењето на областа околу Фукушима би можело да чини 44 милијарди евра.
Елена Георгиевска