Од радарите исчезна авионот со пет германски државјани кај Костарика

Од:

Крајбрежната стража и полицијата на Костарика започнаа потрага по авионот со пет германски државјани.

Авионот исчезна од радарите во близина на брегот на земјата, објави министерот за безбедност Хорхе Торес.

Авионот кој бил на пат од Мексико кон аеродромот Лимон во Костарика исчезнал доцна синоќа по локално време, јавува Ројтерс.

„Авионот ја загуби комуникацијата со контролната кула во близина на Бар де Парисмин (неколку минути од Лимон), по што беше активирана мисија за спасување, во која учествуваат крајбрежната стража и службата за воздушно набљудување“, рече Торес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од падот на американскиот борбен авион: Удира во вода, па експлозија

Предраг Петровиќ

Пилот се онесвести за време на летот од Хургада до Манчестер

Горан Наумовски

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Пронајдени две тела во опрема за слетување на авион JetBlue на аеродромот во Флорида

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски