Од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле повеќе од 240 милиони луѓе

Од:

Најмалку 4.891.684 луѓе починале од коронавирусот, а 240.314.450 се заразиле од почетокот на пандемијата на Ковид-19.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД се најтешко погодената земја по бројот на смртни случаи и заразени со 724.153 смртни случаи и 44.916.462 заразени.

По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 603.152 смртни случаи и 21.638.726 заразени, Индија со 452.124 смртни случаи и 34.067.719 заразени, Мексико со 284.321 смртни случаи и 3.755.053 заразени и Русија со 223.312 смртни случаи и 7.992.687 заразени.

Латинска Америка и Карибите имаат 1.508.394 смртни случаи и 45.513.200 заразени, Европа 1.352.088 смртни случаи и 70.785.226 заразени, Азија 856.380 смртни случаи и 55.079.537 заразени, САД и Канада 752.626 смртни случаи и 46.593.818 заразени, Африка 215.307 смртни случаи и 8.430.722 заразени, Блискиот Исток 204.419 смртни случаи и 13.690.555 заразени и Океанија 2.470 смртни случаи и 221.392 заразени.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана