Од почетокот на офанзивата против ИД, во копнените борби загинаа над 600 луѓе

Од:

Повеќе од 600 луѓе загинаа во копнените борби од почетокот на офанзивата против џихадистичката Исламска држава во Кобане, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Билансот на загинати не ги опфаќа „неколкуте стотина“ борци на ИД, за кои Пентагон соопшти дека се убиени при воздушните напади во и околу Кобане, се посочува во соопштението на сириската група за мониторинг, со седиште во Лондон.

Од 16 септември до денеска вкупно 662 луѓе загинаа во копнените борби. Меѓу загинатите има и 20 цивили, соопшти директорот на  Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.

Тој посочи дека загинале 374 борци на ИД, додека 268 лица се убиени во борбите на курдската страна.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија