Од плоштад во Франција украдена бронзена скулптура висока четири метри

Од:

Бронзена скулптура висока четири метри е украдена од својот постамент на плоштадот Калифорнија во француксиот град Краон, јави дописникот на МИА од Париз.

Скулпурата на која се претставени лица на мажи фатени во мрежа, е изработена во чест на француските војници загинати во Првата светска војна.

Оваа монументална скулптура беше откриена при одбележувањето на 80-годишнината од крајот на Првата светска војна, на 5 ноември 1998 година од страна на тогашниот француски премиер Лионел Жоспен.

Споменикот беше поставен во местото Краон, каде се воделе тешки борби од април до јуни 1917 година, за време на кои загинаа или биле ранети над 300.000 војници на двете страни.

Скулптурата е дело на францускиот скулптор Хаим Керн, кој е роден во Лајпциг во Германија во 1930 година. Таа досега двапати беше оштетувана – во мај 1999 и во април 2006 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата