Од опожарениот грчки ферибот досега спасени 290 лица

Од:

Од опожарениот грчки ферибот „Норман Атлантик“, според најновите податоци на спасувачките екипи, досега се спасени 290 патници и членови на екипажот на бродот, јави ТАСС.

Во спасувањето учествуваат екипи од Грција, Италија и Албанија, потпомогнати од осум италијански и еден грчки хеликоптер. Во состојба за готовност за вклулчување во операцијата се и два воени авиони од типот Ц-130.

Утрово во италијанското пристаниште Бари пристигна товарен брод со 49 спасени патници од хаварисаниот ферибот.

Досега е потврдено дека при пожарот, што избувна на бродот во делот каде се наоѓале возилата, загинало едно лице, а две други се повредени.

Меѓу спасените се наоѓаат и една бремена жена и нејзините две деца кои итно се префрлени во болница, затоа што кај сите е забележана хипотермија.

Грчки Ферибот

На фериботот што пловеше од грчкото пристаниште Патра до Анкона на италијанскиот брег на Јадранско Море, во моментот на избувнувањето на пожарот имало 478 патници. Безмалку половината од нив биле грчки државјани, но имало и патници од десетина други земји, од кои најбројни 54 од Турција, 25 од Албанија, 22 од Италија, 18 од Германија…

Според медиумите, на фериботот имало и тројца македонски државјани.

Операцијата за спасување на патниците се одвива во тешки услови, по силен ветер и високи бранови. Десетина трговски бродови кои се нашле во реонот каде сега се наоѓа фериботот, настојуваат да направат „заштита“ околу него за да го одбранат од брановите.

Грчкиот министер за трговската морнарица Милтијадис Варвициотис за италијанските весници изјави дека станува збор за „комплицирана и тешка операција“.

Фериботот „Норман Атлантик“ редовно плови меѓу Грција и Италија. Инцидентот се случил кога бродот се наоѓал северозападно од островот Крф, близу брегот на Албанија, каде е и сега лоциран.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

ВИДЕО: Четири гуми на авион на Рајанер пукнаа при слетување, колапс на аеродромот во Бергамо

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во Италија: Се урна цела зграда, загинаа деца

Предраг Петровиќ

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Звезда без навивачи против Интер и Милан, италијанската полиција ќе ги запре Делиите

Предраг Петровиќ

Татко и син од Хрватска удриле со автомобил во камион во Италија, двајцата починале