Од ноќеска укинат полицискиот час во Лос Анџелес, Сан Франциско и Сан Хозе

Од:

Градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети, изјави дека од синоќа се укинува полицискиот час што во градот беше воведен од минатата недела.

Полицискиот час беше воведен како мерка на претпазливост од грабежи и насилство за време на демонстрациите за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Претходно, шерифот во округот Лос Анџелес кажа дека полицискиот час нема да се спроведува во областите каде што патролираат неговите луѓе.

Полицискиот час беше укинат и во Сан Франциско и Сан Хозе, исто така, во американската држава Калифорнија. Одлуката следеше по вчерашните главно мирни демонстрации. Окланд и Сакраменто имаат намера да го задржат полицискиот час.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски