Од коронавирусот во Кина веќе починале 722 лица

Од:

Од новиот коронавирус во Кина веќе има 722 починати, а заразените вече ја надминаа бројката од 32.000 лица, го пренесоа британските медиуми соопштението на кинеските здравствени служби, кои секојдневно лиферуваат официјални информации за развојот на епидемијата во земјата.

Во последното деноноќие кинеските власти регистрирале 81 нов смртен случај, по што експертите веќе заразата ја третираат како поопасна од претходниот тип на коронавирусот, таканаречениот „САРС“, што во 2003 година ја предизвика смртта на 774 лица.

Од новиот коронавирус, според последните податоци, заразени се 32.000 лица.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски