Од глад и болести во Јемен починале 85.000 деца

Од:

Речиси 85.000 деца починале од глад и болести од почетокот на граѓанската војна во Јемен во 2015 година, проценува меѓународната невладина организација „Да ги спасиме децата“ (Save the children).

Невладината организација тврди дека користела податоци на ОН за проценка на стапката на смртност поради голема недохранетост и болести кај децата помлади од пет години.

Директорот на организацијата во Јемен, Тамер Киролос истакна дека на секое дете кое загинало од бомба и куршум се додаваат по десетици деца кои умираат од глад, што, според него, може целосно да се спречи, додавајќи дека децата кои умираат на тој начин премногу страдаат.

Војната и блокадите кои ги наметна Саудиска Арабија предизвикаа најголема светска хуманитарна криза, со над осум милиони луѓе за кои постои опасност да починат од глад.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида