Од Фукушима повторно истекува радиоактивна вода

Од:

Околу 430 литри радиоактивна вода се излеа од еден контејнер во оштетената нуклеарна централа Фукушима, а дел од течноста се влеа во Тихиот океан, соопшти денес ТЕПКО. Иако не е утврдено за колкава количина станува збор, владата на Јапонија соопшти дека состојбата е под контрола.

ТЕПКО по земјотресот и цунамито од 2011 година, кога беа оштетени реакторите во комплексот Фукушима, складира 300.000 тони радиоактивна вода во контејнери.

Според наводите на јапонските медиумите, вчера од еден од контејнерите, кој што бил преполн истекла одредена количина вода.

Од контејнерите веќе неколку пати течеше радиоактивна вода, но најлошиот инцидент е оној од август, кога е откриено дека од неколку контејнери истекле дури 300 тони радиоактивна вода.

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе истиот месец тврдеше дека состојбата е под контрола и дека проблемот со скалдирање на контаминираната вода ќе биде трајно решен во наредните неколку години.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија