Од чистачка да милијардер: Почина наследничката на компанијата „Џонсон и Џонсон”

Од:

Наследничката на компанијата “Џонсон и Џонсон” Барбара Пјасецка Џонсон почина на 77 години, соопшти денеска нејзиното семејство.

Ќерка на полски селанец, работела како куќна помошничка во куќата на Џеј Суард Џонсон, пред да се венчаат.

По смртта на сопругот во 1983 година, Барбара Џонсон, по долга судска битка со неговите шест деца од двата претходни бракови, наследи поголем дел од богатството на нејзиниот сопруг.

Семејството соопшти дека Барбара Пјасецка Џонсон починала во понеделникот, по долго и тешко боледување” и дека на 15 Април ќе биде погребана во Вроцлав, каде што гопоминала детството.
Државјанка на Монако, Барбара Пјасецка Џонсон беше една од најбогатите жени во светот и познат колекционер на уметнички дела.

Барбара Пјасецка е родена во 1937 година, во делот на Полска, кој сега и припаѓа на Белорусија. Нејзиното семејство по Втората светска војна се пресели во Вроцлав, каде што Барбара Пјасецка дипломирала историја на уметноста, а во 1968 година, пристигна во Соединетите Американски Држави, без пари и без познавање на англискиот јазик.

Во Њу Џерси се вработила како готвач и куќна помошничка во домот на Џеј Суард Џонсон и неговата сопруга, со која бил во брак повеќе од три децении.

Три години подоцна, Џонсон се разведе од втората сопруга и мајка на неговите две деца и осум дена подоцна се оженил со Барбара Пјасецка, помлада од него 42 години.

Поголемиот дел од богатство Џонсон го препиша на сопругата. Неговите деца ја обвинија маќеата дека го приморала нејзиниот сопруг да напише таков тестамент, додека не бил при здрава свест.
Барбара Џонсон тврдеше дека нејзиниот покоен сопруг бил разочаран поради неодговорното трошење на парите и скандалозното однесување на децата, на кои со години им припаѓаа пред тоа, значителни парични средства.

За Барбара Џонсон во Полска никој не знаеше се додека во 1990 година не понуди милиони долари за спас од банкрот на бродоградилиштето во Гдањск. Работниците од бродоградилиштето и приредија топло добредојде, но спасот не успеа.

Подоцна, Барбара Џонсон во Гдањск основа фондација за помош на децата со аутизам, објави АП.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ