Од 6 март нови рестриктивни мерки во Италија

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги потпиша нов указ за анти-ковид мерки, кој ќе стапи во сила на 6 март и ќе трае до после католичкиот Велигден, во април, јави агенцијата Анса.

Во споредба со претходната, најважната промена во новата одлука е дека во сите региони, каде што е регистриран голем пораст на ширењето на коронавирусот, со прецизно 250 заразени на 100.000 жители, сите училишта ќе бидат затворени и ќе се премине на онлајн настава.

Министерот за здравство Роберто Сперанца објасни дека одлуката е донесена откако било утврдено дека „британската“ варијанта на вирусот е присутна во повеќе од 50 проценти од откриените случаи на инфекција, а тој сој се шири многу брзо и ги инфицира младите луѓе на возраст од 10 до 19 години.

Владата на премиерот Драги ја задржува поделбата, за време на пандемијата, на земјата во три зони: црвена, каде вирусот е најраспространет, портокалова, каде вирусот се шири помалку и жолта, каде што нивото на инфекција е ниско.

Според новата регулатива, фризери, спортски сали, театри, ресторани и барови во црвените зони имаат работно време до 18 часот, а можат да доставуваат храна до 22 часот.

Забраната за сообраќај меѓу регионите останува во сила, како и полицискиот час од 22 часот до 5 часот утредента.

Новиот указ предвидува помош од 200 милиони евра, за оние чии активности ќе страдаат најмногу од антиковид мерките.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски