Од 2000. година досега во Мексико убиени 84 новинари, 20 се уште се сметаат за исчезнати

Од:

Владина мексиканска комисија соопшти дека 84 новинари биле убиени во Мексико од 2000. година досега, а други 20 се сметаат за исчезнати од 2005. година.

Националната комисија за човекови права посочи дека имало 39 напади врз новинарски редакции од 2005. година.

Само во 12 отсто од случаите има пресуда што значи дека 88 отсто се неказнети. Комисијата наведе дека обвиненија се подигнати во 15 други случаи, но тие или биле отфрлени или се уште тече процес. Најмногу напади имало во главниот град Мексико и државите Веракрус, Чиапас и Чивава.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД