Од 1 јануари досега во Франција се вакцинирани само 516 луѓе, Макрон под удар на силни критики

Од:

Француската Влада е под притисок да ја забрза имунизацијата за коронавирусот и поради критиките, претседателот Емануел Макрон е бесен за бавната вакцинација, јавија француски медиуми.

Досега, само неколку стотици луѓе се вакцинирани во Франција, во споредба со повеќе од 200.000 во Германија и околу милион во Велика Британија.

„Она што го гледаме е владин скандал“, рече Жан Ротнер, претседател на регионалниот совет на Гранд Ест, каде има голем скок на инфекции со Ковид-19.

„Работите треба да се забрзаат“, рече тој за локалните медиуми. „На Французите им треба јасност и силни пораки од владата дека знае каде оди. Сепак, тоа не остава таков впечаток“, објасни тој.

Други локални политичари сметаат дека Франција станала за потсмев пред светот бидеќи според нив, во Франција се вакцинираат за една недела „колку што Германците вакцинираат за 30 минути“.

Според француското Министерство за здравство, од 1 јануари досега вакцинирани се само 516 лица.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток