Обвинувања од Анкара – Америка е лицемерна во преговорите меѓу Израел и Хамас

Од:

Политиката на САД кон преговорите меѓу Израел и Хамас покажува јасни двојни стандарди на Вашингтон, изјави поранешниот турски воен аташе, пензиониран полковник на воздухопловните сили и член на Централниот комитет на турската партија Ватан (Татковина) Ихсан Сефа, објавија турските медиуми.

Според него, САД формално дејствуваат како посредник, но во пракса тајно ги поддржуваат израелските воени акции.

„Под маската на промовирање на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, тие даваат зелено светло зад сцената за нападите на премиерот Бенјамин Нетанјаху врз раководството на Хамас“, нагласи Сефа, додавајќи дека „Вашингтон уште еднаш ја покажа својата лицемерие“.

Турскиот експерт смета дека САД и Израел имаат поширока стратешка цел – промена на демографската и политичката карта на Појасот Газа. Како што наведе, нивната намера е да го протераат палестинското население и да го претворат регионот во простор за американски економски проекти, вклучувајќи туризам и инвестиции.

Би можело да ве интересира

Америка започна втор бран разорни напади врз Иран

Четворица загинати во израелските воздушни напади врз Појасот Газа

Американските сили извршија серија напади врз воени цели во Иран

Нова криза во Персискиот Залив: САД воведоа блокада, Иран возврати

Иран ги гаѓа базите во Заливот, Трамп се заканува дека ќе нападне

Ердоган: Обидот за државен удар пред десет години беше обид за окупација на Турција