Обвинителството во Неапол побара пет години затвор за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, обвинет за корумпирање сенатор.
Пресудата би требало да биде објавена на 8 јули. Берлускони има право да ја обжали. Обвинителството во Неапол побара 4 години и 4 месеци затвор за Валтер Лавитола, близок соработник на Берлускони.
Лавитола ги давал парите од Берлускони на сенаторот Серџо де Грегорио.
Аферата датира од парламентарните избори во 2006 година кога победи со мала предност Романо Проди и кога сенаторот Серџо де Грегорио премина кај Берлускони.