Државното обвинителство на Јужна Африка поднесе денеска жалба на пресудата и казната за Оскар Писториус, за убиството на неговата девојка, во февруари минатата година.
На судскиот процес што заврши минатиот месец, судот во Преторија го казни познатиот спортист со пет години затвор, за ненамерно убиство на Рева Стенкамп. Според јужноафриканските закони, Писториус, по десет месеци поминати во затворската ќелија, би можел да биде пуштен од затворот.
Параолимпискиот атлетичар, кому му се отсечени двете нозе до колената, беше ослободен од обвинувањато дека ја убил својата девојка со умисла.
Претставник на државното Обвинтелство одби да ја коментира жалбата, освен што рече дека таа се поднесува „исклучиво од правни причини“.
Семејството на убиената Стенкамп, поранешен фото модел и позната јужноафриканска манекенка која се подготвуваше да биде правник, како и семејството на Писториус, веднаш по завршувањето на процесот, ја прифатија казната за познатиот спринтер.
Писториус сега е сместен во болницата на затворот во Преторија. На почетокот од септември, идната година,тој би можел да побара издржувањето на казната, наместо во својата ќелија, да ја продолжи во домашен затвор.
Во текот на седуммесечното судење, Обвинителството инсистираше на смислено убиство, што се случило на празникот Свети Валентин, по „бучната расправија“ во неговата вила во Преторија.
Судијата во процесот, меѓутоа, го отфрли ваквото тврдење на Обвинителството, затоа што за него немаше обезбедно доволно докази.
Писториус кој беше спортска ѕвезда на последните Олимписки Игри во Лондон, во 2012 година, на кои трчаше и на Олимпијадата, како и на Параолимпијадата, се бранеше на процесот дека ја убил својата девојка, пукајќи низ затворената врата на бањата во вилата, „по грешка“ мислејќи дека таму се крие некој провалник.