Обвинение против поранешниот градоначалник на Игуала поради исчезнување на 43 студентите

Од:

Канцеларијата на мексиканскиот јавен обвинител подигна обвинение против поранешниот градоначалник на градот Игуала поради минатогодишното киднапирање на 43 студенти, за кои се верува дека се убиени.

– Покрај поранешниот градоначалник Хосе Луис Абарке, издаден е налог за апсење на уште 44 лица, изјави шефот за кривична истрага на канцеларијата на федералниот јавен обвинител.

Првпат судството официјално го поврзува поранешниот градоначалник на Игуала со исчезнувањето на студентите во септември, а Обвинителството наведеува дека корумпираните полицајци ги предале студентите на на наркокартелот Герерос Унидос, кои ги убиле и ги спалиле нивните тела.

Абарака и нег овата сопруга Марија де лос Анхелес Пињеда се во притвор од ноември, кога се приведени во предградие на Мексико Сити. Пињеда минатата недела официјално е обвинета за организиран криминал и перење на пари.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД