Обвинение против Нетанјаху на 77 страници, 333 сведоци

Од:

Израелскиот јавен обвинител официјално поднесе обвинение против премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој сега има рок од 30 дена да поднесе жалба барајќи имунитет.

Обвинението е објавено на 77 страници, според кое израелскиот премиер се товари за мито, кршење на довербата и измама.

Во обвинението се наведува дека судењето на израелскиот премиер ќе биде во судот во Ерусалим. Исто така, има 333 сведоци што државниот обвинител би можел да ги повика.

Нетанјаху (70) ги отфрла обвиненијата, како и повикот да поднесе оставка.

„Кога имате вистински случај не ви се потребни 333 сведоци, а кога не постои дури ни 333 сведоци нема да помогнат“, напиша Нетанјаху на Твитер.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува затворска казна до 10 години, а за измама и кршење на довербата максимална казна од три години затвор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел