ОБСЕ загрижен поради казната на Резник

Од:

Претставникот за слобода на медиумите при ОЕБС, Дуња Мијатовиќ изрази загриженост поради казната која што му е изречена на познатиот истражувачки новинар и блогер во Русија, Сергеј Резник.

Рускиот суд одлучи да го казни новинарот со три години затвор во казнена колонија поради лажни обвиненија и навреди на официјални лица.

Исто така судот му забрани да се занимава со својата професија една година по издржување на казната.

-Казнувањето и затворање на новинар поради извршување на својата работа е неприфатливо – порача Мијатовиќ и додаде дека наместо властите да создадат безбедност и независност на припадниците на медиумите, тие го ограничуваат просторот за јавна дебата и граѓанското право за слобода во информирањето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба