ОБСЕ: Во Гвантанамо има уште 59 затвореници

Од:

Директорот на канцеларијата на ОБСЕ за Демократски институции и човекови права, Михаел Георг Линк настојува за продолжување на потребата за затворање на Гвантанамо, затворот на Куба без понатамошно одлагање, се вели во соопштение од таа организација.

Во тој затвор моментно се уште 59 затвореници.

– Притвор без обвинување или судење, недостиг од одговорност за злоупотреба вклучително и измачување и други малтретирања во Гвантанамо се вршат спротивно на обврските на САД како членка на ОБСЕ, наведува Линк.

Тој додава дека затвор без правда и злоставување немаат место во демократското општество засновано на почитување на правото, човековите права и слободи.

Американскиот затвор Гвантанамо отворен е на 11 јануари во 2002 година, и вкупниот број затвореници кои таму биле е 780, а голем дел од нив се држени без судење или обвинение.

Моментно таму се 59 затвореници, и нивниот трансфер во други држави продолжува.

– Се надевам дека новата администрација ќе ја препознае важноста за строго придржување кон човековите права во борбата против тероризмот, нагласува Линк.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ