ОБСЕ: Руската анексија води кон ескалација на конфликтот и доведува во опасност милиони луѓе

Од:

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска ја осуди илегалната анексија на Украина од страна на Русија, јавува Анадолија.

Наведувајќи дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин е неприфатлива, ОБСЕ соопшти дека „оваа акција на Руската Федерација, која вклучува воена мобилизација и неодговорни нуклеарни закани, води само кон поголема ескалација на конфликтот, ставајќи во опасност милиони животи и предизвикувајќи дополнително непотребно човечко страдање“.

„Чекорот објавен денеска е јасно кршење на основните правила на меѓународното право, принципите на ОБСЕ и Повелбата на ОН“, се вели во соопштението.

ОБСЕ ја повика Русија да ги повлече сите свои сили од Украина и воедно ја повтори својата поддршка за Украина и нејзиниот народ, како и посветеноста на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на таа држава.

Во соопштението се наведува дека претседавачот со ОБСЕ и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Маргарет Седерфелт, генералната секретарка на ОБСЕ Хелга Марија Шмид и генералниот секретар на Парламентарното собрание на ОБСЕ Роберто Монтела категорично ја осудуваат нелегалната анексија на руската Федерација над украинските територии Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсонската област, како и продолжување на окупацијата на Крим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски