Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) подготвува мерки за поддршка на мировниот план на украинскиот претседател Петро Порошенко за надминување на кризата во Укриана, соопшти денеска актуелниот претседавач на Организацијата и швајцарски министер за надворешни работи Дидие Буркхалтер.
– ОБСЕ ги разгледува можностите за поддршка на Украина при спроведувањето на планот и работи на конкретни предлози, изјави Брухалтер на прес-конеренција во Виена.
Според него, како што јави ИТАР-ТАСС, ОБСЕ би можела да подготви неутрални трибини за дијалог, да го надгледува спроведувањето на амнестијата, да ги мониторира хуманитарните коридори и да изрботи експертиза за плановите за разоружување.
Брухалтер потенцира дека планот на Порошенко може да се спроведе само доколку биде поддржан од сите страни од конликтот.
– Лидерите на Доњецк и Луганск изразија подготвеност да го почитуваат примирјето, што е добар развој на настаните. ОБСЕ е подготвена да го контролира почитувањето на примирјето и да ги поддржи останатите чекори што ќе помогнат за мирно надминување на кризата, потенцира Брукхалтер.