ОБСЕ: Плановите на Русија во врска со интернетот претставуваат закана за слободата на говорот

Од:

Идејата на Русија да ги заштити корисниците на интернет од заканите на Западот може да претставува тактика на Кремљ за потиснување на внатрешните критики во земјата, изјави претставничката на Организацијата за безбедност и соработка во Европа за прашањето за слободата на говорот, Дуња Мијатовиќ.

Рускиот претседател Владимир Путин го оцени интернетот, како специјален проект на ЦИА, а минатата недела руските медиуми цитираа официјални извори, според кои, се бараат технички средства за евентуална заштита на рускиот интернет простор од заканите за националната безбедност.

– Признавам дека е потребна заштита на нашите општества, за тоа нема сомнение, заканите се големи. Имаме тероризам, злоупотреба на деца, трговија со луѓе. Но доколку ја погледнете тенденцијата и во каква насока оди Русија како земја во однос на слободата на изразување и слободата на медиумите, тогаш се разбира дека треба да се запрашаме: „Која е основата за тоа?, рече таа.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба