Специјалната претставничка на ОБСЕ и координаторка за борба против трговијата со луѓе, Марија Грација Џамаринаро денеска објави извештај за трговијата со луѓе заради препродажба на органи.
Истражувањето е темелено на случаи во земјите-членки на ОБСЕ каде имало формални криминални истраги или во кои до крај се споведени судски постапки, се наведува во соопштението на ОБСЕ.
Како што пренесе Танјуг, резултатите од истражувањето потврдуваат дека во многуземји-членки ОБСЕ е присутен овој облик на трговија со луѓе, како и дека нему му се посветува најмалку внимание.
Луѓето со кои се тргува за да им се извадат органи имаат се изложени на особено суров третман и за време и по операцијата, изјави Џамаринаро.
– Жртвите не се свесни за последиците од вадењето органи што ќе ги трпат цел живот. Тие цел живот ќе имаат здравствени последици, вклучувајќи ја неспособноста да работат, особено затоа што немаат постоперативна нега или медицинска и психосоциолошка помош по операцијата. Освен тоа, тие многу често не ги добиваат парите што им се ветени, додаде таа.
Во извештајот, исто така, е посочено внимание на врската меѓутроговијата со луѓе заради препродажба органи и организираниот криминал, улогата која корупцијата ја игра во овозможување на вадењето органи и мрежата за трансплантација која често ги опфаќа администраторите и лекарите.
Во него се предлагаат серија мерки за спречување на овој транснационален криминал со кој раководат меѓународни посредници поврзани со хирурзи и луѓе кои регрутираат „дарители“ на органи.
– Се надевам дека ова истражување конкретно ќе ни помогне да ги развиеме зацртаните стратегии за превенцијата базирана на докази, како и да ја засилиме способноста на правосудството да одговори на тоа и нашата способност да ги заштитиме жртвите, заклучи Џамаринаро.