Обраќање на авганистанскиот претседател до нацијата по објавената стратегија на САД

Од:

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани денеска се обрати до нацијата, веднаш по објавувањето на новата стратегија на САД за војната во Авганистан.

– Ние не се наоѓаме само во првите борбени редови на војната, туку сме и прва борбена линија на светската безбедност, истакна Гани.

Според него, новата американска стратегија е во корист и на Авганистан, и на САД. Тој ја поздрави одлуката на Вашингтон да не се определува термин за повлекување на странските војници, кои му помагаат на Авганистан во борбата против бунтовниците.

– Непријателот сега е свесен дека помошта од нашите меѓународни партнери нема временско ограничување, нагласи шефот на авганистанската држава, повикувајќи ги талибанците да ги прекинат вооружените напади и „да тргнат по патот на мирот“ со политички средства.

Тој, исто така, додаде дека покрај прашањето за безбедноста ќе се обрне внимание и на економскиот развој на Авганистан, посебно во рударската индустрија.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан