Обрадор: Ќе ставам маска кога ќе исчезнe корупцијата

Од:

Мексиканскиот претседател Мануел Лопез Обрадор денеска изјави дека ќе носи заштитна маска само откако целосно ќе се искорени корупцијата во земјата.

– Знаете кога ќе ставам маска? Кога нема да има корупција. Тогаш ќе ставам маска и ќе престанам да зборувам, рече Обрадор на прес-конференција, во момент кога неговата земја стигна на третото место во светот по бројот на смртни случаи од Ковид-19, јави Би-Би-Си.

Корупцијата одамна е болна точка во мексиканскиот политички систем и земјата се наоѓа на 130 место на најновиот список на Транспаренси Интернешнл според индексот на корупција во светот.

Обрадор, кој е скептичен за носење маски, е цел на критики поради неговата реакција на пандемијата, затоа што се верува дека тој ги вовел рестриктивните мерки доцна, а потоа нагло ги укинал.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба