Обновени преговорите за обнова на заедничка индустриска зона меѓу Северна и Јужна Кореја

Од:

По шестмесечен прекин денеска се обновени преговорите за повторно активирање на заедничката индустриска зона во Каесонг, погранично место на севернокорејанската територија, во близина на границата меѓу двете држави. Шестмина делегати од Јужна Кореја денеска без проблеми ја минаа строго чуваната граница и преговорите започнале во договорениот термин.

Јужнокорејанското министерство за обединување, кое од страната на Сеул ги координира преговорите денеска само потврди дека тие почнале, но не се кажува колку ќе траат и што може да биде резултат. Има најави дека ќе се договара начинот на преминувањето на границата од страна на работниците од Јужна Кореја.

Преговорите за обнова на индустриската зона Каесонг тебаше да се оддржуваат на секои три месеци, но по декемвриските воени маневри на армиите на Јужна Кореја и САД, Пјонгјанг одбиваше каков и да е контакт со Сеул.

Во Каесонг, до средината на минатата година функционираа 120 помали јужнокорејански фабрики во кои, воглавно, се произведуваа обувки и облека.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета