Обновен железничкиот сообраќај меѓу Германија и Австрија

Од:

Германската национална железничка компанија „Дојче бан“ ја информира јавноста дека утринава повторно е обновено, но само делумно, движењето на возовите од Австрија за Германија, информираа француските медиуми.

-Како што беше предвидено, движењето на возовите беше обновено во 7 часот по локално време, изјави портпаролката на „Дојче бан“.

Главната железничка линија Салцбург-Минхен, меѓутоа, на почетокот останува затворена заради присуство на луѓе на шините на делницата меѓу австрискиот град Салцбург и германскиот пограничен град Фрајласинг. Портпаролката не прецизираше дали станува збор за бегалци, забележаа БТА.

Движењето на патничките возови беше во прекин 12 часа, а движењето на товарните возови, исто така, вчера беше запрено од 18 до 22,30 часот.

Австриските федерални железници соопштија дека го воспоставија сообраќајот на нивните возови за Германија, но патниците ги предупредија дека треба да очекуваат проверка на личните документи од страна на германските власти, пренесе ДПА.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија