Откривањето на Хигсовиот бозон за легендарниот научник Питер Хигс, кој уште пред 50 години го предвиде неговото постоење, беше причина за солзи затоа што „ова се случи во мојот живот”, рече тој, додека пак за еден друг негов помлад колега беше причина да изгуби 100 долари.
Познатиот научник Стивен Хокинг призна во својата изјава за Би-Би- Си дека не очекувал ЦЕРН да го пронајде Хигсовиот бозон и дека ова откритие го чини 100 долари за да му го плати својот долг на Гордон Кејн.
Во 2000-та година Хокинг се обложил дека „божјата честичка“ никогаш нема да биде пројнајдена наспроти физичарот од Универзитетот во Мичиген, Гордон Кејн, кој пак го тврдел спротивното.
Денеска, научниците на ЦЕРН (Европската организација за нуклеарни истражувања) го објавија откривањето на бозонот, популарно наречен „божја честичка“.
Хокинг го призна својот неуспех во „кладбата“, а медиумите по откритието на векот, загубата на Питер ја крстија како „загуба на векот“.