Објавено ново истражување во Италија поврзано со коронавирусот

Од:

Студијата која италијански истражувачи ја спроведоа во една болница во Милано, покажа дека кај пациентите кои биле тестирани за коронавирусот во мај, имало помала количина на честички на вирусот од оние тестирани во април.

Во теориите кои истражувачите ги понудија како објаснување за пониското ниво на таканареченото „вирусно оптоварување“ вклучува и онаа според која изложеноста на пациентите на вирусот може да се намали со мерки за изолација, но студијата не содржи докази за поддршка на оваа теза.

Врз основа на анализа на 200 брисеви, од кои едната половина е земена од пациенти лекувани во април, а другата во мај, истражувачите заклучија дека симптомите во првата група на пациенти биле потешки и бидејќи на повисок процент пациенти им била неопходна хоспитализација и интензивна нега.

Вирусното оптоварување било слично и кај мажите и кај жените, но поизразено кај пациенти на возраст од 60 години и постари, како и кај оние со тешки форми на Ковид-19 и иако теоретски е можно вирусот да мутирал, молекуларните податоци не содржат доказ за тоа.

Другите можни објаснувања за пониското вирусно оптоварување во мај вклучуваат поголемо масовно спроведување на физичко растојание и други превентивни, како и хигиенски мерки, повисока температура на воздухот и помал степен на загадување на воздухот, тврдат авторите на студијата.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски