Објавен прекин на огнот во четири населени места во Сирија

Од:

Времен прекин на огнот е прогласен меѓу провладините милиции и исламистичката опозиција во четири сириски населени места, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Прекинот на огнот започна во градовите Забадани и Мадаја, во близина на Дамаск, кои се под контрола на бунтовниците, како и во селата Кафраја и Фуа, во провинцијата Идлиб, кои се контролирани од силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Неколку часа пред почетокот на прекинот на огнот коалиција на исламистички бунтовници, предводена од Фронтот „Ан Нусра“, кој е поврзан со Ал Каеда, зазеде делови од Фуа по жестоки судири со провладините милиции, поддржани од либанското движење Хезболах.

Според западните медиуми договорот за прекин на огнот е постигнат со посредство на Турција и Иран.

Минатиот месец две примирја во овие четири населени места беа безуспешни.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија